logo
logo
logo

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

Vecer | 07.09.2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

Според истиот извор, документот не е конечен, туку претставува преглед на можни насоки за идни преговори, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Медиумите наведуваат дека предлозите на САД биле пренесени преку Герсон Баскин, клучен израелски посредник во договорот за ослободување на израелскиот војник Гилад Шалит во 2011 година. „Канал 12“ јавува дека Баскин, кој е во контакт со висок функционер на Хамас, Гази Хамад, ги добил документите од специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.

По месеци разговори за делумен договор, премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе разгледува само сеопфатен договор кој би значел ослободување на сите 48 заложници во Газа.

Хамас вчера соопшти дека е отворен за секој договор што ќе стави крај на војната, со целосно израелско повлекување, неограничен пристап на хуманитарна помош и исполнување на други барања. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk