logo
logo
logo

САД се за формирање специјален суд за „злосторство и агресија“ против Украина

Vecer | 29.03.2023

САД се за формирање специјален суд за „злосторство и агресија“ против Украина

- САД го поддржуваат формирањето на специјален суд за злосторството агресија врз Украина во форма на меѓународен суд кој ќе биде вкоренет во украинскиот правосуден систем и ќе вклучува меѓународни елементи, изјави неименуван портпарол на американскиот Стејт департмент.

Според него, Вашингтон за ова сака „голема меѓународна поддршка, особено од европските партнери“ и трибуналот да биде „во некоја земја во Европа“.

Ова е првпат САД експлицитно да се залагаат за создавање на таков трибунал, а идејата ја поддржува и ЕУ, која ја спомена во ноември минатата година.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, на 17 март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воено злосторство за депортирање на украински деца во Русија.

Русија не ја признава јурисдикцијата на тој суд. Ниту САД не го признаваат МКС. Римскиот статут, кој го основа МКС во 2002 година, беше ратификуван од 123 држави. САД, Кина, Израел, Пакистан, Саудиска Арабија, Турција, Иран и Индија не се членки на МКС.

МКС има јурисдикција над воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени во Украина, а не и за самото „злосторство агресија“ извршено од Русија, што може да им се припише на нејзините највисоки лидери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk