logo
logo
logo

САД се повлекуваат од две важни команди во НАТО, ги преземаат европски генерали

Vecer | 10.02.2026

САД се повлекуваат од две важни команди во НАТО, ги преземаат европски генерали

Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп европските нации да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.

Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од САД, да стане „НАТО предводен од Европа“.

Како дел од реконструкцијата на командата, европските офицери ќе ја преземат Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол и Здружената команда на силите во Норфолк, кои моментално ги предводат американски адмирали, изјави изворот под услов да остане анонимен.

САД ќе преземат три хиерархиски пониски команди.

Запрашан за планираните промени, функционер на НАТО рече: „Сојузниците се согласија за нова распределба на одговорностите на високите офицери во командната структура на НАТО во која европските сојузници, вклучувајќи ги и најновите членки на НАТО, ќе играат позначајна улога во военото раководство на Алијансата“.

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, претходно ги отфрли критиките кон САД, тврдејќи дека САД „не се обидуваат да го расклопат НАТО“, објавија француските медиуми.

„Се обидуваме да го зајакнеме НАТО, а не да се повлечеме од него или да го отфрлиме, туку да го направиме функционален како што беше замислен, односно како сојуз од 32 силни и способни сојузници“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk