logo
logo
logo

САД сакаат добри односи со Пекинг, но ќе го штитат својот интерес, изјави Рубио

Vecer | 27.07.2025

САД сакаат добри односи со Пекинг, но ќе го штитат својот интерес, изјави Рубио

- Со оглед на тоа што САД и Кина се двете најмоќни и најважни држави во светот, мораме да имаме односи, мора да можеме да разговараме, и ако е можно, да најдеме заеднички точки на соработка, рече Рубио во интервју за Фокс Њуз. Тој нагласи дека таму каде што има несогласувања, „секогаш мора да застанеме на страната на Америка“.

Рубио ја оцени економската нерамнотежа меѓу двете земји како еден од клучните проблеми, наведувајќи дека претседателот Доналд Трамп се обидува повторно да ја балансира трговската размена со Пекинг.

- Кинезите со децении спроведуваат економски модел што им овозможува да продаваат сѐ што сакаат во САД, додека американските компании немаат еднаков пристап до кинескиот пазар, рече Рубио.

Тој додаде дека секоја кинеска компанија има неограничен пристап до „највредниот потрошувачки пазар во светот“, додека кинескиот пазар останува речиси целосно затворен. Според него, Кина ги штити своите компании и истовремено инсистира да извезува што сака на американскиот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk