logo
logo
logo

САД престанаа да испорачуваат дел од противвоздушното оружје во Украина

Vecer | 02.07.2025

САД престанаа да испорачуваат дел од противвоздушното оружје во Украина

Забавувањето на дел од испораката на оружје што ѝ го вети администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на Украина се случи во последните денови, велат изворите, додавајќи дека меѓу доцнењето на испораките имало пресретнувачи за воздушна одбрана наменети за соборување на руски беспилотни летала и ракети.

Пентагон изјави дека му дава можност на претседателот Доналд Трамп да продолжи со воената помош за Украина во согласност со целта за завршување на војната во таа земја.

-Истовремено, Министерството темелно го разгледува и прилагодува својот пристап кон постигнување на оваа цел, додека ја одржува подготвеноста на американските сили во согласност со одбранбените приоритети на администрацијата, рече Елбриџ Колби, заменик-секретар за политика во Министерството за одбрана.

Русија, која веќе контролира околу една петтина од Украина, продолжува постепено да напредува, освојувајќи нова територија во последните недели во југоисточните региони Донецк и Дњепропетровск и засилувајќи ги воздушните напади низ целата земја.

Сите испораки на оружје за Украина беа накратко прекинати во февруари, а потоа повторно за подолг период во текот на март. Потоа администрацијата на Трамп продолжи со испорака на последните пакети помош одобрени под Бајден.

Новата политика сè уште не е официјално објавена.

Порталот „Политико“ беше првиот медиуми што вчера објави за овој прекин во испораките на оружје и муниција за Украина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk