logo
logo
logo

САД ја прекинуваат испораката на дел од противвоздушната муниција за Украина поради ниски сопствени резерви

Vecer | 02.07.2025

САД ја прекинуваат испораката на дел од противвоздушната муниција за Украина поради ниски сопствени резерви

Соединетите Американски Држави го запреа извозот на определени проектили и противвоздушна муниција за Украина поради загриженост дека залихите на вакво оружје во американската армија се при крај.

Оваа одлука, донесена во последните денови, се однесува и на муниција за соборување на беспилотни летала и ракети. Американското Министерство за одбрана соопшти дека ги коригира воените испораки за Украина за да обезбеди оперативна подготвеност на своите сили, додека на претседателот Доналд Трамп му останува можноста да ја продолжи помошта во согласност со поставените цели.

Деталите за конкретниот тип на оружје што е засега стопирано не се објавени. Во меѓувреме, руските сили го засилуваат темпото на воздушни напади и продолжуваат со нови територијални придобивки во југоисточна Украина. Додека тоа се случува, САД и нивните сојузници се соочуваат со предизвикот да обезбедат доволно напредни системи за противвоздушна одбрана на Киев, во услови на резервираност кај некои европски држави кои се загрижени за сопствената сигурност.

Русија синоќа силно го нападна Харков и регионот, при што има една жртва и четири повредени, според украински извори. Дополнително, руската артилерија ја гаѓаше болницата во Херсон, со што беа ранети пет пациенти и три медицински сестри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk