logo
logo
logo

САД повеќе нема да кова монетите од еден цент

Vecer | 23.05.2025

САД повеќе нема да кова монетите од еден цент

Паричка, што во САД се нарекува и пени, е во употреба 232 години односно од 1793 година.

Одлуката се очекува да стапи во сила на почетокот на 2026 година и е донесена поради високите трошоци за производство. Изработката на еден цент чини околу четири центи. Загубата на годишно ниво изнесува приближно 56 милиони долари.

По укинувањето на овие монети, продавниците ќе бидат принудени цените на артиклите да бидат до најблиската вредност од пет центи. Сепак, постоечките едноцентни монети остануваат во оптек и ќе можат и понатаму да се користат за готовински трансакции.

Американскиот претседател Доналд Трамп во февруари соопшти дека дал наредба до Министерството за финансии да прекине со ковањето на оваа деноминација поради високите производствени трошоци. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk