Американскиот Стејт департмент објави дека ќе додели триесет милиони долари на приватна организација која обезбедува хуманитарна поддршка за појасот Газа. Оваа одлука доаѓа иако организацијата беше критикувана од некои меѓународни институции и хуманитарни групи.
Критиките најмногу се однесуваат на тоа што Хуманитарниот фонд за Газа се стреми да воспостави сопствен, паралелен систем за испорака на помошта, покрај веќе постојниот канал кој функционира со години.
Американските власти сметаат дека редовните патишта за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа се сериозно компромитирани од страна на Хамас, поради што е потребно да се воспостават нови алтернативи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата