logo
logo
logo

САД почнуваат со нови царини и трговски договори

Vecer | 07.07.2025

САД почнуваат со нови царини и трговски договори

Денеска САД започнаа да испраќаат официјални писма кон своите трговски партнери, во кои се наведени детали за новите царински мерки и трговски договори, најави американскиот претседател Доналд Трамп.

Уште во април беше најавено воведување основна царина од 10 проценти за речиси сите увозни производи, како и дополнителни "реципрочни" царини за земји кои имаат трговски дефицит со САД. Овие мерки беа привремено стопирани за период од 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.

Писмата со договори или нови царини ќе бидат испратени до различни држави во светот од понеделник на пладне (16:00 часот по Гринич)," соопшти Трамп на платформата Трут Соушл.

Тој нагласи дека очекува до 9 јули да заврши процесот со повеќето земји – или преку официјално писмо или преку договор. Министерот за трговија, Хауард Латник, додаде дека новите царини ќе почнат да се применуваат од 1 август. Основната цел на овие мерки, според изјавите од Белата куќа, е другите држави да ги намалат бариерите за пристап на американските производи на нивните пазари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk