logo
logo
logo

САД: Конгресмени од Републиканската партија со предлог-закон против кинески студенти

Vecer | 15.03.2025

САД: Конгресмени од Републиканската партија со предлог-закон против кинески студенти

 Овој потег е дел од пошироките напори на некои членови на Конгресот против Пекинг, мотивирани од загриженоста за националната безбедност.

Конгресменот Рејли Мур од Западна Вирџинија е предлагач на законот, кој би им забранил на кинески државјани да добиваат студентски визи или да учествуваат во образовни разменски програми во САД. Законодавниот текст го поддржуваат уште петмина републикански конгресмени.

- Со овие визи, САД ја повикуваат Комунистичката партија на Кина да ја шпионира војската, да краде интелектуална сопственост и да ја загрозува националната безбедност, изјави Мур. - Време е да го затвориме тој канал и да забраниме студентски визи за кинески државјани, вели тој.

Предлогот има мали шанси да биде усвоен, а веќе предизвика критики од невладини организации и академски претставници, кои предупредуваат дека ваквиот потег и реториката против кинеските студенти би можеле да им наштетат на американските интереси. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk