logo
logo
logo

САД ќе прифатат само бели бегалци од Јужна Африка, останатите ќе почекаат

Vecer | 10.05.2025

САД ќе прифатат само бели бегалци од Јужна Африка, останатите ќе почекаат

Првите јужноафрикански бегалци ќе пристигнат в понеделник на меѓународниот аеродром „Далес“ во Вашингтон. Тие ќе бидат пречекани од владина делегација, вклучувајќи го заменик-државниот секретар и претставници на Министерството за здравство на САД.

Замениот шеф на кабинетот на Трамп, Стивен Милер, изјави дека летот ќе биде прв од неколку слични.

Бегалската програма на Белата куќа беше ставена на пауза од претседателот Трамп во февруари, при што беа запрени пристигнувањата од Авганистан, Ирак и повеќето земји од Субсахарска Африка и Латинска Америка. Сепак, со указ, приоритет беше даден на прифаќање бели Јужноафриканци кои тврдат дека се расно дискриминирани во својата татковина.

Администрацијата на Трамп ја прифати непријателската позиција кон Јужноафриканската Република, откако американскиот државен секретар Марко Рубио бојкотираше состанок на Г-20 во Јоханесбург поради фокусот на теми како инклузија и климатски промени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk