logo
logo
logo

САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан за уште една година

Vecer | 25.06.2025

САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан за уште една година

Власта во Соединетите Американски Држави донесе одлука за продолжување на вонредната состојба на Западен Балкан за уште една година. Овој чекор е во насока на справување со ризиците што ги носи политичката и безбедносната состојба во регионот.

За прв пат, ваквата вонредна состојба беше прогласена во 2001 година, кога тогашниот американски претседател потпиша извршна наредба во одговор на екстремно насилство и обиди да се попречи спроведувањето на меѓународните договори во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во текот на изминатите години, оваа мерка неколку пати беше проширувана и ажурирана: во 2003, 2021 и најново – јануари 2025 година. Последната одлука вклучува санкции и други активности против поединци и групи кои го нарушуваат мирот, стабилноста и демократските институции во регионот.

Ситуацијата на Западен Балкан и натаму претставува необична и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.

Санкциите и мерките ќе се однесуваат на лица кои се идентификувани дека преземаат активности што го поткопуваат суверенитетот на државите од поранешна Југославија и Албанија, како и оние што придонесуваат кон корупција и нарушување на стабилноста во регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk