logo
logo
logo

САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка

Vecer | 11.06.2025

САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка

- Двете страни се согласија на заедничка рамка и ќе ја презентираат пред своите лидери, изјави кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченган по дводневната средба во Лондон.

Американскиот министер за трговија Хауард Латник објасни: „Ние ќе се вратиме и ќе разговараме со претседателот Трамп за негово одобрување, а тие ќе направат истото со претседателот Си.“

Клучно прашање во преговорите се ретките земните метали од Кина – стратешки суровини за батерии, ветроелектрани и одбранбени технологии. САД бараат враќање на обемот на испораки на ниво што бизнисите го сметаат за оптимален, истакна економскиот советник Кевин Хасет. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk