logo
logo
logo

САД и Кина постигнаа конечен договор за продажба на ТикТок- Трамп и Си ќе го финализираат неделава

Vecer | 27.10.2025

САД и Кина постигнаа конечен договор за продажба на ТикТок- Трамп и Си ќе го финализираат неделава

Тој рече дека сите детали се договорени и дека претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг формално ќе го потврдат договорот за време на нивниот состанок во Кореја во четврток.

„Постигнавме конечен договор за TikTok“, рече Бесант во емисијата Face the Nation на CBS. „Договорот беше постигнат во Мадрид, сите детали се разработени и сега е на лидерите да го официјализираат.“

Иако не ги откри точните услови на продажбата, Бесант рече дека договорот е дел од поширока трговска рамка меѓу САД и Кина, за која ќе разговараат двајцата лидери.

Нови американски сопственици и контрола врз алгоритмот

Според информациите од Белата куќа, договорот вклучува мнозинско американско сопствеништво на TikTok. Новите инвеститори од САД и странство ќе поседуваат околу 65% од компанијата, додека ByteDance и кинеските акционери ќе задржат помалку од 20%.

Се проценува дека трансакцијата вреди околу 14 милијарди долари, а извршната наредба на Трамп предвидува дека контролата врз алгоритмот и поголемиот дел од местата во одборот ќе ја преземат американски инвеститори. Одборот ќе има седум члена, од кои шест ќе бидат од Соединетите Американски Држави.

Според извори блиски до администрацијата, потенцијални нови инвеститори се Руперт Мердок и Лари Елисон, додека поранешниот соработник на Трамп, продуцентот Џек Адвент, предложил Барон Трамп, синот на претседателот, да заземе едно од местата во одборот.

Политичка позадина на договорот

За време на неговиот прв мандат во 2020 година, Трамп се закани дека целосно ќе го забрани TikTok поради справувањето на Кина со пандемијата на коронавирус. Конгресот подоцна гласаше за забрана на апликацијата, што Џо Бајден го потпиша во 2024 година, но неговата имплементација беше постојано одложувана додека не се најде решение преку продажба.

За време на неговата посета на Југоисточна Азија, Трамп потврди дека ќе се сретне и со Си за да разговара за трговијата, купувањето американска соја и борбата против фентанилот, тема што ги поттикна САД да воведат царина од 20 проценти на кинескиот увоз. Се очекува формалното потпишување на договорот за TikTok да означи крај на долгогодишните тензии меѓу двете земји околу популарната платформа и да отвори ново поглавје во нивните економски односи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk