Но, не е прецизирано колку војници ќе бидат повлечени или колку единици ќе останат во Ирак.
Безбедносни извори на крајот на август посочија дека некои американски сили ќе ги напуштат базите во Ирак, вклучувајќи ја базата Аин ал-Асад во покраината Анбар и базата Викторија во близина на аеродромот во Багдад.
Се претпоставува дека во Ирак ќе остане мал број американски војници, пред сè за советување и обука на ирачките сили.
САД ја предводат меѓународна коалиција против ИД во Ирак и соседна Сирија. Кампањата почна откако милитантната група зазеде големи области од двете земји во 2014 година. Иако воено поразени, борците на ИД и понатаму се активни и извршуваат напади.
Во Ирак се стационирани околу 2.500 американски војници, но според ирачки извори бројот надминува 3.000. Во Сирија, Пентагон соопшти дека останале околу 700 американски војници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата