logo
logo
logo

САД ги суспендираат сите имиграциски апликации од Авганистан по терористичкиот напад во Вашингтон

Vecer | 27.11.2025

САД ги суспендираат сите имиграциски апликации од Авганистан по терористичкиот напад во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп го оквалификува пукањето во близина на Белата куќа како терористички напад и изјави дека напаѓачот дошол во САД од Авганистан во 2021 година.

Трамп побара сите имигранти од Авганистан кои пристигнале во САД за време на мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден да бидат повторно проверени. Тој, исто така, нареди испраќање на дополнителни 500 војници од Националната гарда во Вашингтон.

Министерството за внатрешна безбедност го идентификуваше осомничениот за пукањето како Рахманула Лаканвал. Според американски медиуми, тој поднел барање за азил во 2024 година, а администрацијата на Трамп го одобрила во април 2025 година. Според секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем осомничениот влегол во САД со условна дозвола во рамките на операцијата „Добредојде на сојузниците“ на 8 септември 2021 година, за време на администрацијата на Бајден“.

Шефот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека двајцата војници од Националната гарда, кои беа застрелани вчера се во критична состојба.

- Она што го знаеме... е дека истрелите беа насочени. Изгледа дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено, рече градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, на истата прес-конференција.

Претходно, гувернерот на Западна Вирџинија, од каде што потекнуваат застреланите, изјави на социјалната мрежа „Икс“ дека тие им подлегнале на повредите. Сепак, тој малку подоцна изјави дека добива „контрадикторни информации“ за нивната здравствена состојба. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk