logo
logo
logo

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Vecer | 06.02.2026

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“.

Исто така, се посочува дека граѓаните сами треба да си го организираат заминувањето од Иран бидејќи американската администрација не може да им помогне поради тоа што САД нема амбасада во Техеран.

Предупредувањето е издадено во момент кога САД и Иран преговараат за нуклеарната програма на Техеран. Но и за преговорите во Оман има разни информации.

Досега само Министерството за надворешни работи на Оман соопшти дека министерот Сајад Бадр Албусади остварил одвоени средби со иранската и американската делегација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk