logo
logo
logo

САД депортираа околу 100 Иранци, Техеран тврди дека бројката е 120

Vecer | 30.09.2025

САД депортираа околу 100 Иранци, Техеран тврди дека бројката е 120

Според информациите, Иранците биле качени во авион изнајмен од американските власти, кој полетал од сојузната држава Луизијана во текот на вчерашната вечер по локално време. Летот се очекува денеска да пристигне во Иран, со меѓуслетување во Катар.

Подетални информации за депортираните лица не се соопштуваат, ниту пак се наведува кои биле нивните мотиви да побараат имиграција во САД. Засега администрацијата на Трамп нема дадено официјален коментар.

Кратко потоа, Техеран објави дека САД во текот на оваа недела протеруваат 120 ирански државјани во рамки на антиимигрантската политика на претседателот Трамп.

– Во наредните два дена треба да бидат протерани 120 лица и да се вратат во земјата, изјави Хосеин Нусхабади, претставник на конзуларниот оддел во иранското Министерство за надворешни работи. Тој додаде дека американските имиграциски служби донеле одлука за депортација на околу 400 Иранци кои моментално престојуваат во САД, а најголемиот дел од нив, како што нагласи, влегле нелегално. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk