logo
logo
logo

САД и Бахреин потпишуваат спогодба за цивилна нуклеарна енергија

Vecer | 16.07.2025

САД и Бахреин потпишуваат спогодба за цивилна нуклеарна енергија

Соединетите Држави потпишаа договор со Бахреин со кој двете држави ќе соработуваат во развојот на цивилната нуклеарна технологија.

Државниот секретар Марко Рубио се сретна со министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф бин Рашид Ал Зајани, за да го потпишат новиот Меморандум за разбирање за нуклеарна соработка.

Соединетите Држави се подготвени да соработуваат со секоја држава во светот што сака да развие цивилна нуклеарна програма која јасно не е насочена кон оружје или заканување по безбедноста на соседите.

Порака од Марко Рубио, јасно упатена кон Иран.
Државниот секретар Марко Рубио (десно) и министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф бин Рашид Ал Зајани, средба во Вашингтон, 2 април 2025 година. (AP Photo/Kevin Wolf)
Државниот секретар Марко Рубио (десно) и министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф бин Рашид Ал Зајани, средба во Вашингтон, 2 април 2025 година. (AP Photo/Kevin Wolf)

Белата куќа го нарече овој договор начин за „продлабочување на силното партнерство во цивилната нуклеарна енергија меѓу САД и Бахреин“.

Меморандумите за разбирање ваков тип беа воведени за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Како што објаснува американскиот Стејт департмент, тие придонесуваат за посилно поврзување меѓу нуклеарната индустрија, истражувачите од двете земји и даваат поддршка за американската цивилна нуклеарна индустрија и целите за неширење на нуклеарното оружје.

Спогодбата со Бахреин отвора пат за можен „123 договор“ — покомплексен аранжман според американскиот Закон за атомска енергија, што би ѝ овозможил на државата од Блискиот Исток да работи со САД на технички размени, научни истражувања и размена на искуства во доменот на безбедноста.

Рубио минатата недела потпиша сличен меморандум со Малезија, каде во моментов се водат преговори и за 123 договор.

Станува збор за обезбедување на енергетска сигурност, поттикнување економски раст и развој на домашните капацитети за користење на нуклеарната енергија на безбеден и одговорен начин.

Министерот за надворешни работи на Малезија, Датук Сери Мохамад Хасан.

Претседателот Трамп исто така има закажано средба со престолонаследникот на Бахреин, Салман бин Хамад Ал Калифа, во Белата куќа.

Ова се смета за уште еден знак на добра волја од страна на Трамп кон земјите од Заливот, на кои им даваше зголемено внимание уште од посетата на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати во мај.

Покасно, американскиот претседател ќе има вечера со премиерот на Катар, Мохамед бин Абдурахман бин Џасим Ал Тани — лидер на соседната држава на Бахреин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk