logo
logo
logo

Руте во Белата куќа: Трамп e очигледно разочаран од членките на НАТО

Vecer | 09.04.2026

Руте во Белата куќа: Трамп e очигледно разочаран од членките на НАТО

Во разговор за Си-ен-ен Руте ги опиша разговорите како отворена дискусија меѓу „двајца добри пријатели“, но не откри дали е разговарано за потенцијално повлекување на САД од НАТО.

Во меѓувреме, Трамп на својата платформа Truth Social наведе: „НАТО НЕ БЕШЕ ТАМУ КОГА НИ БЕШЕ ПОТРЕБЕН, И НЕМА ДА БИДЕ ТАМУ АКО НИ БИДЕ ПОВТОРНО ПОТРЕБЕН“.

Американскиот претседател напиша дека сојузниците треба да се сетат на Гренланд, кој го опиша како „ГОЛЕМО, ЛОШО ВОДЕНО, ПАРЧЕ МРАЗ“.

Откако претходно годинава Трамп повторно се закани со потенцијално анектирање на Гренланд, данска територија од стратешко значење, дојде до затегнување на односите меѓу Европа и САД, потсети ДПА.

Во последните денови, коментарите на Трамп предизвикаа загриженост за можното излегување на САД од НАТО, поради неговите критики за она што тој го смета за недоволна поддршка од партнерите од Алијансата за конфликтот во Иран.

Секое повлекување би барало двотретинско мнозинство во Сенатот на САД, што се смета за многу малку веројатно.

Руте, исто така, ги намали критиките од партнерите од Алијансата за постапките на Трамп против Иран, велејќи дека меѓу сојузниците не преовладува мислењето дека конфликтот е нелегален според меѓународното право.

На крајот Руте во разгвоорот за Си-ен-ен истаклна дека НАТО постојано зазема став дека за стабилноста е клучено слабеењето на иранските нуклеарни капацитети и програмата за балистички ракети, потсетува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk