logo
logo
logo

Руте: Топката сега е во дворот на Путин

Vecer | 13.08.2025

Руте: Топката сега е во дворот на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „топката сега е во дворот на Путин“ по учеството во видеоповик со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.

„Обединети сме во нашите напори да ја завршиме оваа ужасна војна против Украина и да постигнеме праведен и траен мир“, објави Руте на социјалните мрежи. „Го ценам лидерството на Трамп и тесната координација со сојузниците. Топката сега е во дворот на Путин“, додаде тој, осврнувајќи се на претстојната средба меѓу Трамп и Путин во Алјаска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk