logo
logo
logo

Руте ги повика членките на НАТО да го зголемат буџетот за одбрана: Да одговориме на предизвикот

Vecer | 27.01.2025

Руте ги повика членките на НАТО да го зголемат буџетот за одбрана: Да одговориме на предизвикот

Марк Руте зборуваше во Лисабон заедно со премиерот на земјата, Луис Монтенегро, кој го повтори ветувањето на Португалија да ја исполни својата цел од два проценти до 2029 година, пренесува Ројтерс.

„Знаеме дека целта од два проценти, која беше поставена пред една деценија, нема да биде доволна за да се одговори на предизвиците на утрешниот ден“, рече Руте.

Тој посочи дека за Алијансата да продолжи да биде силна, земјите-членки мора да се прилагодат и да почнат да инвестираат повеќе во одбраната сега.

Во 2023 година, земјата потрошила 1,5 отсто од својот БДП за обврските кон НАТО, цел од два отсто поставена пред една деценија и сега се смета за премногу ниска поради новите предизвици што ги поставува Русија, наведува Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk