logo
logo
logo

Руте до Путин по упадот на руски дронови во Полска: Подготвени сме

Vecer | 10.09.2025

Руте до Путин по упадот на руски дронови во Полска: Подготвени сме

„Стопирајте ја војната во Украина. Стопирајте ја ескалацијата на војната. Стопирајте го нарушувањето на воздушниот простор на сојузниците и знајте дека сме подготвени“, рече Руте.

„Решени сме да ја браниме секоја педа од сојузничката територија“

Во разговор со медиумите, тој рече дека инцидентот е продолжение на руската војна во Украина и ја предупреди Москва дека сојузниците „се решени да ја бранат секоја педа од територијата“.

Кога еден новинар го праша Руте дали мисли дека упадот со беспилотни летала бил намерен, тој одговори дека сè уште се прави проценка. Тој ја пофали реакцијата на Алијансата и им се заблагодари на сите сили што учествуваа, наведувајќи дека Полска, Холандија, Италија и Германија учествувале во операцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk