logo
logo
logo

Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО

Vecer | 25.04.2025

Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО

-Сите се согласуваме во Алијансата дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО - за целата евроатлантска територија, изјави Руте по состанокот во Белата куќа.

Запрашан за можноста за мировен договор меѓу Русија и Украина, Руте рече дека сега „нешто е на маса“, додавајќи дека топката е очигледно на теренот на Русија.

Руте, пренесе ДПА, изрази увереност дека САД ќе продолжат да играат централна улога во напорите за завршување на војната.

-Не гледам ситуација каде што САД одат чекор понапред. Гледам ситуација каде што под водство на претседателот Трамп, ова би можело да се доведе до позитивен крај, а тоа е многу важно“, рече Руте.

Трамп пред два дена изјави дека е можно да се постигне договор со Русија, тврдејќи дека справувањето со украинскиот претседател Володимир Зеленски е „потешко“ отколку со рускиот претседател Владимир Путин, потсетува германската агенција.

Американскиот претседател побара Киев да го отстапи полуостровот Крим, окупиран од Русија, и да се откаже од својата кандидатура за идно членство во НАТО.

Лидерите на НАТО треба да се соберат на 24 и 25 јуни на самит во Хаг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk