logo
logo
logo

Руско МНР: Лавров и Рубио имаа конструктивен разговор пред самитот во Будимпешта

Vecer | 20.10.2025

Руско МНР:  Лавров и Рубио имаа конструктивен разговор пред самитот во Будимпешта

Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата,Сергеј Лавров, и неговито американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка на самитот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, имале „конструктивен“ разговор, јавија британските медиуми.

Лавров и Рубио разговарале за можни конкретни чекори за спроведување на идеите постигнати за време на телефонските разговори на 16 октомври меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти руското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата први дипломати, цитирани од руските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk