logo
logo
logo

Руската војска соборила 77 украински дрона, Украинците,за една ноќ уништиле 74 руски дрона

Vecer | 13.03.2025

Руската војска соборила 77 украински дрона, Украинците,за една ноќ уништиле 74 руски дрона

 Силите пресретнале и уништиле 77 дронови, од кои повеќето биле над регионот Брјанск, на границата со Украина и регионот Калуга.

Беспилотните летала беа соборени два дена по најголемиот украински напад од овој тип од почетокот на конфликтот.

Украинската противвоздушна одбрана, пак, собори 74 беспилотни летала кои синоќа ги нападнаа руските сили, додека 38 руски беспилотни летала за мамка исчезнаа од радарот без да предизвикаат штета, објави украинското воздухопловство на Телеграм.

Русија изврши голем воздушен напад, кој започна синоќа во 19 часот по локално време, користејќи балистичка ракета Искандер-М лансирана од областа Курск и 117 нападни дронови Шахед и голем број беспилотни летала-мамки испратени од западните и јужните региони на земјата.

Украина го потврди уривањето на 74 беспилотни летала, вклучувајќи го и Шахед, над регионите Харков, Полтава, Чернихив, Суми, Киев, Хмелницки, Виниција, Депропетровск, Запорожје, Одеса и Миколаев.

Руските напади предизвикаа штета во регионите Суми, Дњепропетровск, Харков, Киев, Чернихив, Одеса и Запорожје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk