Според неговите информации, ударот врз бродот бил веднаш по напуштањето на украинските територијални води. Според првичните податоци, нема повредени.
-Украина е една од земјите во светот со најголем придонес за безбедноста на храната. Внатрешната стабилност и животот на десетици земји во различни делови на светот зависи од нормалното и непречено функционирање на нашиот коридор за извоз на храна, рече украинскиот претседател.
Володимир Зеленски додаде дека снабдувањето со храна на Украина во земјите во Африка и регионот на Блискиот Исток е критично.
-Ќе продолжиме да правиме се што е можно за да ги заштитиме нашите пристаништа, нашето Црно Море и снабдувањето со храна на светскиот пазар. Ова е вистински приоритет за Украина - заштита на животот, и тоа треба да биде приоритет за секоја земја. Ја чекаме реакцијата на светот, а пченицата и безбедноста на храната никогаш не треба да бидат цел на проектили, изјави Зеленски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата