logo
logo
logo

Русија за американскиот напад врз Венецуела: Чин на оружена агресија за кој нема оправдување

Vecer | 03.01.2026

Русија за американскиот напад врз Венецуела: Чин на оружена агресија за кој нема оправдување

- Ја потврдуваме нашата солидарност со венецуелскиот народ и поддршката за текот на дејствувањето на боливарското раководство, насочено кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата, се вели во соопштението на руското МНР.

Официјална Москва смета дека „идеолошките непријателства триумфираа над деловниот прагматизам и подготвеноста за градење односи на доверба и предвидливост“.

Во соопштението се нагласува дека Латинска Америка мора „да остане зона на мир“.

- Во сегашната ситуација, пред сè е важно да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на наоѓање излез од кризата преку дијалог. На Венецуела мора да ѝ се гарантира правото да одлучува за својата судбина, без какво било деструктивно, а особено воено, мешање однадвор, се вели во соопштението.

Руското министерство, исто така, наведува дека Амбасадата на Русија во Каракас продолжува со својата редовна работа и оти во моментов нема информации дека некој руски државјанин бил вклучен во настанита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk