logo
logo
logo

Русија сака да прогласи победа на 24 февруари, тврдат украински воени разузнавачи

Vecer | 21.02.2025

Русија сака да прогласи победа на 24 февруари, тврдат украински воени разузнавачи

Според разузнавачката служба, целта на Русија е да сее хаос меѓу Украинците, да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се дискредитира Украина меѓу своите сојузници. Тие, исто така, тврдат дека руските разузнавачки служби планираат да шират наратив дека „Украина е изневерена“ од Западот и САД.

„Руската пропаганда, исто така, ќе продолжи да го доведува во прашање легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски и корумпираните украински функционери кои ја крадат американската помош“, посочува службата.

ХУР наведува дека Кремљ може да ги искористи неодамнешните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за да ги наметне своите мировни услови на светот, обидувајќи се да ги прикаже владите во Европа кои го поддржуваат Киев како „непријатели на мирот“.

По средбата меѓу американската и руската делегација не беа донесени конкретни одлуки, но исклучувањето на Украина предизвика узбуна во Киев и Европа.

Повторувајќи ги предупредувањата на ХУР, Службата за безбедност на Украина (СБУ) укажа на се поголемиот број случаи на руски информативни и психолошки операции насочени против Украина. Користејќи бот фарми и лажни сметки на социјалните мрежи, руските разузнавачки служби се обидуваат да го поделат украинското општество и да поттикнат нарушување на јавниот ред, соопшти СБУ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk