logo
logo
logo

Русија РАСПИША ПОТЕРНИЦА за убиецот на Дугина

Vecer | 02.11.2022

Русија РАСПИША ПОТЕРНИЦА за убиецот на Дугина

Русија издаде меѓународна потерница за Наталија Вовк, која е обвинета за убиство на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина.

Како што е соопштено, Московскиот градски суд наредил Наталија Вовк да биде притворен два месеца по нејзиното апсење на територијата на Русија или екстрадиција.

Наталија Вовк е обвинета за убиство извршено од група лица, мотивирано од политичка или друга омраза. Во Русија ѝ се заканува затворска казна од осум до 20 години.

Дарја Дугина загина на 20 август кога експлодирал автомобилот што го возела. Таа починала на лице место. Автомобилот експлодирал кога врз него била поставена активирана експлозивна направа.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Според информациите на ФСБ, откако автомобилот во кој се наоѓала Дугина бил кренат во воздух, Наталија Вовк и нејзината ќерка отпатувале за Естонија преку регионот Псков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk