logo
logo
logo

Русија потврди: Ослободени се двајцата нивни морнари од танкерот, запленет од САД

Vecer | 28.01.2026

Русија потврди: Ослободени се двајцата нивни морнари од танкерот, запленет од САД

Морнарите беа заробени на 7 јануари кога американски воен персонал се качи на танкерот во меѓународните води на Северниот Атлантик, потсети руското Министерство за транспорт, пренесува ТАСС.

Министерството нагласи дека, според Конвенцијата на ОН за правото на морето од 1982 година, слободата на пловидба важи на отворено море и ниедна држава нема право да употреби сила против бродови „прописно регистрирани во јурисдикцијата на друга држава“.

Американската администрација претходно изјави дека „Маринер“ е дел од таканаречената „флота во сенка“ на Венецуела и дека нелегално транспортирал нафта, кршејќи ги санкциите на САД, што можело да доведе до апсење на екипажот во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk