logo
logo
logo

Русија планирала да изведе државен удар во Ерменија- шестмина уапсени (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2024

Русија планирала да изведе државен удар во Ерменија- шестмина уапсени (ВИДЕО)

Истражниот комитет на Република Ерменија денеска соопшти дека седум лица ќе бидат обвинети за „подготовка за узурпација на власта со употреба на насилство и закани со насилство за преземање на власта“, објави Радио Слободна Европа.

Според официјалните изјави, шесте Ерменци биле регрутирани за тримесечна обука во Русија и им била исплатена месечна плата од 220.000 рубљи (2.377 долари). Тие, наводно, биле подложени на проверки и полиграфски тестови за да се утврди нивната лојалност, пред да бидат префрлени во воената база „Арбат“ во Ростов-на-Дон, јужна Русија.

Руското Министерство за одбрана не одговорило веднаш на барањето за коментар.

Односите меѓу Ерменија и нејзиниот историски сојузник Русија се влошија откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година, при што јужнокавкаската земја го замрзна членството во воената алијанса ОДКБ, испрати хуманитарна помош во Киев и одржа заеднички вежби со американските сили.

Во исто време, долгогодишниот ривал на Ерменија, Азербејџан создаде поблиски врски со Кремљ, при што претседателот Илхам Алиев одржа пријателски разговори со претседателот Владимир Путин во Баку минатиот месец. Москва ја обвини ЕУ дека се меша во нејзината самопрогласена сфера на влијание со потпишување договори за партнерство со ерменската влада.

Руските граничари, кои беа стационирани во Ерменија по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, беше побарано да се повлечат на почетокот на оваа година.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави за Политико во септември 2023 година дека руската мировна мисија во отцепениот регион Нагорно-Карабах не ја исполнила својата улога. Само неколку дена подоцна, руските сили не интервенираа кога Азербејџан започна нова офанзива во енклавата, предизвикувајќи масовен егзодус на целото ерменско население.

Зборувајќи претходно денеска, Пашинјан вети дека ориентацијата на Ерменија кон Запад ќе продолжи. „Ако видиме и најмала реална можност да станеме полноправна членка на Европската унија“, рече тој, „нема да го пропуштиме тој момент“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk