logo
logo
logo

Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО

Vecer | 22.09.2025

Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО

Одговарајќи на пријавите за упади, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „тие тврдења ги сметаме за бесмислени, неосновани и продолжение на целосно неумерената политика што се состои во поттикнување на тензии и создавање клима на конфликт“.

Тензиите меѓу Москва и НАТО во моментов се најголеми од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година.

Естонија минатата недела соопшти дека во петокот три руски ловци 12 минути ја надлетувале нејзината територија, што Русија го негираше, а НАТО и ЕУ протестираа поради таа „нова руска провокација“.

Прашањето денеска итно ќе го разгледува Советот за безбедност на ОН, а утре во Брисел ќе заседаваат и претставници на сите 32 земји членки на НАТО.

Почетокот на септември беше обележан со тоа што дваесетина руски дронови влегоа во воздушниот простор на Полска, од кои три беа соборени од полски авиони и холандски авиони Ф-35. Тоа беше првпат НАТО, од неговото основање во 1949 година, да изведе таква акција.

Неколку дена подоцна Романија исто така укажа дека руски дрон го нарушил и нејзиниот воздушен простор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk