logo
logo
logo

Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин

Vecer | 31.01.2025

Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин

Забраната беше воведена на 1 март минатата година поради наглиот раст на големопродажните цени на горивото и ризикот од недостиг на домашниот пазар.

Првично, мерката требаше да важи шест месеци, но од крајот на мај до август ограничувањата беа привремено укинати, по што повторно беа воведени, пренесува „Комерсант“.

Според извори на весникот, руското Министерство за енергетика треба до средината на февруари да достави предлози до владата во Москва за можниот извоз на бензин, земајќи ги предвид и новите западни санкции.

САД на 10 јануари воведоа некои од најстрогите санкции против руската нафтена индустрија досега, таргетирајќи 183 танкери, десетици трговци, две големи нафтени компании и неколку високи функционери во рускиот енергетски сектор, пренесоа светските медиуми. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk