Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 175 украински војници се ослободени од руско заробеништво, а уште 22 борци се враќаат дома, вклучително и тешко ранетите, објави АП.
„Денес е денот кога Украина ги враќа своите војници, а 175 наши бранители се ослободени од руско заробеништво. Други 22 бранители се враќаат дома благодарение на мерките надвор од размената. Меѓу нив се тешко ранетите и војниците прогонети од Русија за измислени злосторства. На сите нив итно ќе им биде укажана потребната медицинска и психолошка помош “, напиша Зеленски.
Russia and Ukraine Swap 175 Prisoners Each
— World In Focus (@worldinfocuss) March 19, 2025
Following Trump-Putin talks. pic.twitter.com/1vQMKgEdJy
Тој истакна дека ова е една од најголемите размени.
„Украинските војници, наредници и офицери, војници на вооружените сили, морнарицата, Националната гарда, силите на територијалната одбрана и граничната служба, како и оние кои ја бранеа Украина во различни правци - во Мариупол, во Азовстал, во Доњецк, Луганск, Херсон, како и во Харков, Миколаив, се враќаат во нивните родни места.“
Според руското Министерство за одбрана, 175 руски војници се вратени од територијата контролирана од украинските сили.
Забележано е дека во моментов руски воен персонал се наоѓа на територијата на Белорусија, каде што им е пружена потребната психолошка и медицинска помош.
„Сите ослободени војници ќе бидат транспортирани во Русија на лекување и рехабилитација во медицинските установи на руското Министерство за одбрана“, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека војниците добиле можност да контактираат со своите роднини.
Еден ден претходно, рускиот претседател Владимир Путин го информираше својот американски колега Доналд Трамп за претстојната размена на затвореници и трансферот на тешко ранетите војници на украинските вооружени сили во Киев како „гест на добра волја“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата