logo
logo
logo

Растечка напнатост меѓу Русија и Азербејџан по полициски инциденти

Vecer | 02.07.2025

Растечка напнатост меѓу Русија и Азербејџан по полициски инциденти

Министерството за надворешни работи на Русија го повика амбасадорот на Азербејџан, Рахман Мустафаев, поради растечката напнатост меѓу двете земји откако двајца етнички Азербејџанци загинаа за време на полициска акција во Јекатеринбург.

Ситуацијата се влоши дополнително, бидејќи азербејџанските власти во понеделникот спроведоа претрес во просториите на руската новинска агенција „Спутник“ во Баку, под сомнение за илегално финансирање – иако агенцијата остана без акредитација уште во февруари 2025 година. Неколку лица завршија во притвор, но детали за случајот не беа објавени.

Апсењето на новинари не е во духот на руско-азербејџанските односи. Се надеваме дека страстите ќе се смират и дека ќе има директен дијалог.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Од Баку побараа целосна истрага за настаните во Русија и одговорност за виновниците, додека руските власти информираа дека едно од лицата починало од срцев удар, додека резултатите од обдукцијата за вториот починат треба допрва да бидат познати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk