logo
logo
logo

Рубио во посета на Израел и Велика Британија: Газа, Украина и Иран во фокусот на разговорите

Vecer | 12.09.2025

Рубио во посета на Израел и Велика Британија: Газа, Украина и Иран во фокусот на разговорите

Американскиот државен секретар Марко Рубио од утре до 18 септември ќе престојува во посета на Израел и Велика Британија, каде што фокусот на разговорите со властите ќе биде ситуацијата во Газа, но и други глобални предизвици, вклучувајќи ја и Украина, соопшти денеска Стејт департментот.

Рубио во Израел ќе зборува за американските приоритети во конфликтот меѓу Израел и Хамас и ќе ја потврди посветеноста на САД на безбедноста на Израел преку отстранување на Хамас од власт во Газа и враќање на израелските заложници, додаде Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Рубио и израелските лидери ќе разговараат за израелските борбени операции во Газа и за посветеноста на „борбата против анти-израелски акции“, вклучувајќи еднострано признавање на палестинската држава и за правна заштита за Тел Авив пред Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен суд, каде што против Израел се води тужба за геноцид над Палестинците.

Стејт департментот соопшти дека Рубио потоа ќе го продолжи патувањето кон Велика Британија каде ќе се придружи на делегацијата на претседателот на САД Доналд Трамп во втората државна посета.

Таму тој исто така ќе се сретне со британската министерка за надворешни работи Ивет Купер за да разговараат за соработката меѓу САД и Велика Британија за прашања поврзани со клучни глобални предизвици, вклучувајќи го и ставањето крај на војната меѓу Русија и Украина, спречување на Иран да се здобие со нуклеарно оружје, ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас и прекин на огнот во Газа, како и за конкуренцијата со Кина, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk