logo
logo
logo

Рубио изјави дека Ормуската Теснина ќе се отвори „на еден или на друг начин“

Vecer | 31.03.2026

Рубио изјави дека Ормуската Теснина ќе се отвори „на еден или на друг начин“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е уверен оти Ормуската Теснина повторно ќе биде отворена за пловидба „на еден или на друг начин“, предупредувајќи го Иран на сериозни последици доколку продолжи да го блокира виталниот воден пат.

Како што пренесе ДПА, говорејќи за „Ал Џезира“ Рубио рече дека Иран може или да се согласи да го „почитува меѓународното право“ и да дозволи премин, „или коалиција од нации од целиот свет и регионот, со учество на САД, ќе се погрижи таа да биде отворена“. Тој не образложи какви мерки би можела да преземе таквата коалиција.

- Ако тие изберат да се обидат да ги блокираат теснините, тогаш ќе мора да се соочат со реални последици, не само од САД, туку и од земјите во регионот и од светот – рече тој.

Рубио додаде дека клучните цели на која било воена акција би биле уништувањето на иранските воздухопловни сили и морнарица, како и значително намалување на неговите локации за лансирање ракети. Тој рече дека овие цели можат да се постигнат за „недели, а не за месеци“, по што прашањето за Ормуз би било решено.

Ормуската Теснина е клучна рута за испорака на нафта и течен природен гас од регионот. Неодамнешните ирански напади и закани, во конфликтот што го почнаа САД и Израел кон крајот на февруари, во голема мера го запреа сообраќајот, дозволувајќи само ограничен премин на танкери. Нарушувањата предизвикаа пораст на глобалните цени на енергијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk