logo
logo
logo

Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки

Vecer | 24.10.2025

Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки

Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат распоредени во Појасот Газа според условите на договорот за прекин на огнот ќе мора да бидат составени од земји на кои Израел „нема да има забелешки“, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел.

Тој додаде дека идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, но нагласи дека тоа не може да го вклучува Хамас.

Рубио потенцира и оти сè уште не е дефинирана каква било потенцијална улога на Палестинската самоуправа во идното управување со палестинската енклава.

Тој истакна и дека повеќе држави  се подготвени да ги нормализираат односите со Израел, но оти таквата одлука ќе зависи од поширок регионален договор.

- Траен крај на војната во Газа би охрабрил повеќе земји да се приклучат на Аврамовите договори, според кои Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Мароко ги нормализираа односите со Израел по 2020 година, истакна Рубио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk