logo
logo
logo

Рози О’Донел признава: Зошто избрав да ја напуштам Америка заради Трамп

Vecer | 26.06.2025

Рози О’Донел признава: Зошто избрав да ја напуштам Америка заради Трамп

Во гостување на подкастот The Chris Cuomo Project, О’Донел открива дека одлуката дефинитивно да ја напушти Америка дошла поради нејзиното лично добро, но и доброто на детето кое е аутистично и небинарно.

Бев многу, многу депресивна. Јадев премногу, пиев премногу. Беше болно што Америка поверува во неговите лаги. Најтешко ми беше што работам во индустрија која ги создава и продава тие лаги за профит.

Рози О’Донел во интервју кај Крис Куомо
Разговорот на Рози О’Донел со Крис Куомо

Додека голем број познати личности најавуваа дека ќе се иселат поради Трамп, О’Донел вели дека таа не го планирала тоа, додека конечно не почувствувала дека престојот може да ја загрози нејзината психичка состојба.

Навистина беше прашање на самоодбрана за мене.

Рози О’Донел

Според неа, Ирска ја избрала затоа што таму славните личности не се возвишуваат како што е случајот во Америка.

Штом дојдов тука, одма почувствував дека културата према славните е поинаква. Во Ирска тие не се доживуваат како нешто посебно или поважно од другите.

О’Донел за животот во Ирска

О’Донел додава дека чувството на прифатеност било големо и дека нејзиното дете ја охрабрило велејќи ѝ: „Мамо, тука можеш да бидеш обична личност.“

Таа зборува и за лични непријатности по победата на Трамп — од навреди до исмејување, дури и во присуство на детето.

Во продавница, случајни луѓе ми се обраќаа на мене и на моето 12-годишно дете: 'Еј Рози, Трамп победи. Хаха.' Дури некој и не навреди.

Рози О’Донел за тензичниот период

После години јавна кавга со Трамп, таа потенцира дека животот во Ирска ѝ го донел потребниот мир и анонимност.

Стари Ирци ми даваа пиво и прашуваа: 'Дали е вистина дека дојде бидејќи го мразиш Доналд Трамп?' Им велам: 'Да господине, така е.'

О’Донел вели дека во Ирска конечно се чувствува безбедно, далеку од политиката и сè што ѝ претставувало товар.

Чувството на сигурност е огромно. Тука нема поддршка за MAGA.

Таа нагласи дека селидбата најмногу била насочена кон тоа да изгради поздрава средина за себе и за детето.

Ако сакам да бидам добар родител за ова 12-годишно дете, за кое треба да сум тука уште 20 години, морам да се грижам за себе.

Водителот Куомо исто така ја пофали искреноста на О’Донел, забележувајќи дека таа постојано реагирала искрено и страстно, дури и по цена на личен комфор.

Секогаш има цена, а ти презеде една многу јавна и длабока борба.

Крис Куомо

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk