logo
logo
logo

Романија отвори истрага по смртта на шест деца од бактериска инфекција во болница во Јаши

Vecer | 26.09.2025

Романија отвори истрага по смртта на шест деца од бактериска инфекција во болница во Јаши

Дирекцијата за јавно здравје во североисточниот округ Јаши во Романија отвори епидемиолошка истрага во Детската болница „Св. Марија“ поради можно жариште на бактериски инфекции, откако во изминатите денови починаа шест деца во одделението за интензивна нега, јави телевизијата „Диџи 24“.

Претставник на болницата појасни дека се работи за болничка инфекција предизвикана од бактеријата Serratia marcescens, која кај пациенти со ослабен имунитет може да предизвика респираторни и уринарни инфекции, како и сепса со „исклучително агресивен и брз тек“.

Првиот случај бил регистриран на 7 септември, а уште шест случаи на 16 септември.

– „Кога имавме три случаи, прогласивме жариште и ги преземавме потребните мерки – ограничување на приеми во одделението за интензивна нега и дополнителни инструкции до персоналот за хигиената на рацете и методите на чистење. На 16 септември се појавија нови случаи и ја засиливме контролата, соопштувајќи дека повеќе нема да примаме пациенти од други окрузи, изјави претставникот.

Одделението за интензивна нега сега е затворено, откако и други пациенти биле дијагностицирани со истата бактерија, јави „Инсајдер“.

Починатите деца биле на возраст од новороденчиња до осум години и имале тешки придружни заболувања, меѓу кои менингитис, конвулзивен синдром, епилепсија и други.

Одделението продолжило да работи и по појавата на првите случаи и било затворено дури на 24 септември. Според официјалните податоци, вкупно девет деца се заразени со Serratia marcescens.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk