Според извештаите, несреќата се случила во вторникот вечерта бидејќи роботот не успеал да направи разлика помеѓу човек и кутија со производи, што требало да ги носи.
Машината која кревала кутии со пиперки на палета, наводно го грабнала мажот и го турнала на подвижната лента, нанесувајќи му повреди на лицето и градите, пишува Дејли мејл.
Роботот го идентификувал човекот како кутија, соопшти полицијата, а поради овој инцидент, градите и лицето на работникот биле згмечени.
Повредениот веднаш бил пренесен во болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.
Полицијата размислувала да покрене истрага за овој немил настан како и за работата на управителот кој, според надлежните, бил невнимателен бидејќи „не ги извршувал раководните должности“.
Сопствениците на фабриката, комплексот Donggoseong Eksport, објавија дека по инцидентот посветиле дополнително внимание на „прецизниот и безбеден“ роботски систем.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата