logo
logo
logo

Ривс: Групата Г-7 да го забрза процесот на премин кон чиста енергија

Vecer | 30.03.2026

Ривс: Групата Г-7 да го забрза процесот на премин кон чиста енергија

 Британската министерка за финансии Рејчел Ривс ќе ги повика земјите од Групата Г-7  да го забрзаат процесот на премин кон употреба на чиста енергија, како мерка за одбрана на националните економии од шоковите предизвикани од растот на цените на нафтата и гасот.

Според британското Министерство за финансии, Ривс ќе укаже дека растот на цените на енергенсите оди во прилог на Русија и оти намалувањето на зависноста од фосилни горива го ограничува влијанието на Москва.

Лондонскиот весник „Гардијан“ пишува дека на состанокот на министрите за финансии и енергетика на Групата Г-7, Ривс заедно со британскиот министер за енергетика Ед Милибанд, ќе порача дека долгорочната енергетска безбедност е можна само преку обновливи извори и нуклеарна енергија. Воедно, ќе ги повика партнерите да ги забрзаат инвестициите и да ја намалат зависноста од фосилни горива.

Ривс оценува дека потпирањето врз нестабилните глобални цени на нафтата и гасот не носи придобивки и дека заедничкото дејствување на земјите од Г-7 може да ги забрза инвестициите и да придонесе за стабилизација на енергетските пазари.

Енергетската криза дополнително се продлабочи со конфликтите на Блискиот Исток и нарушувањето на транспортот на нафта, што доведе до раст на цените на енергенсите.

Иако дел од официјалните лица проценуваат дека конфликтот ќе бидекраткотраен, експертите предупредуваат на долгорочни последици врз глобалните енергетски пазари и економијата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk