logo
logo
logo

Речиси милион луѓе се евакуирани на Филипините поради супертјфунот „Фунуон“

Vecer | 09.11.2025

Речиси милион луѓе се евакуирани на Филипините поради супертјфунот „Фунуон“

Националната агенција за справување со катастрофи соопшти дека повеќе од 900.000 лица се евакуирани од источните, централните и северните покраини кои се наоѓаат на патеката на тајфунот.

Во делови од источните покраини веќе е прекинато снабдувањето со електрична енергија пред очекуваното пристигнување на „Фунуон“ вечерва.

– Повторно ја повикуваме јавноста да биде подготвена, да ги следи предупредувањата и да преземе превентивни мерки, бидејќи тајфунот се приближува, изјави заменик-администраторот на националната служба за цивилна заштита, Бернардо Рафаелито Алехандро. Тој апелираше до населението да соработува, но да остане смирено, истакнувајќи дека постојат протоколи кои мора да се следат заради заштита на животите.

Според метеоролошката служба, бурата има постојани ветрови од 185 километри на час и налети до 230 километри на час. Се движи западно-северозападно со брзина од 25 километри на час и се очекува да ја погоди северната покраина Аурора доцна вечерва или во раните утрински часови.

Властите проценуваат дека околу 8,4 милиони луѓе би можеле да бидат засегнати од супертјфунот, меѓу кои 5,7 милиони жители во крајбрежните подрачја.

Филипините се погодени од просечно околу 20 тропски циклони годишно. Еден од најсилните, супертјфунот „Хаијан“ во ноември 2013 година, однесе повеќе од 6.300 животи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk