logo
logo
logo

Реакција на Маск по објавата на документите за педофилот Епштајн во кои се споменува неговото име

Vecer | 31.01.2026

Реакција на Маск по објавата на документите за педофилот Епштајн во кои се споменува неговото име

Според објавените мејлови, Маск во декември 2013 година разменувал пораки со Епштајн за можна посета на неговиот карипски остров, додека посебна преписка покажува дека Епштајн во февруари истата година се обидувал да договори ручек со Маск.

Маск на Х наведе дека имал многу ограничена комуникација со Епштајн и дека одбил повеќекратни покани да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион.

Тој истакна дека е свесен дека дел од преписката може погрешно да биде протолкувана, но оти тоа не го загрижува. Маск додаде дека силно се залагал за објавување на документите за Епштајн и нагласи дека е важно кривично да се гонат оние кои сториле тешки кривични дела, особено во случаите на сексуално искористување малолетнички.

- Свесен сум дека дел од мојата преписка со Епштајн може погрешно да се протолкува. Ниту едно лице не се залагало посилно од мене за објава на документите за Епштајн и мило ми е што тоа конечно се случи, наведе Маск на Х.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk