logo
logo
logo

Реакции во светот на војната меѓу Пакистан и Авганистан: Гутереш повика на дијалог, Кина на преговори

Vecer | 27.02.2026

Реакции во светот на војната меѓу Пакистан и Авганистан: Гутереш повика на дијалог, Кина на преговори

Високиот претставник на ОН за човејови права Волкер Турк апелираше за дијалог меѓу двете земји во услови на гранични судири и смртоносни воздушни напади.

Кина е длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите долж границата меѓу Авганистан и Пакистан, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, повикувајќи ги двете страни да „ги решат разликите и споровите преку дијалог и преговори“.

Кина, се додава во соопштението,  „посредува во конфликтот преку свои канали“ и е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во деескалацијата и подобрувањето на билатералните односи.

- Како сосед и пријател, Кина е длабоко загрижена за ескалацијата и жали за жртвите предизвикани од конфликтот, изјави портпаролката на министерството Мао Нинг, додавајќи дека „секоја понатамошна ескалација ќе предизвика штета и загуби за двете страни“.

Во соопштението за медиумите се наведува дека прекинот на непријателствата „е во фундаментален интерес на двете земји и нивните народи и може да помогне во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk