Таа денеска пред новинарите во Ријад изјави дека состанокот, на кој ќе учествуват американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц и пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, е чекор за да се утврди дали Русите се сериозни во врска со мировните преговори.
„Ова е продолжение на првичниот разговор меѓу (рускиот претседател Владимир) Путин и (американскиот претседател Доналд) Трамп за тоа дали овој чекор е воопшто можен, кои се интересите и дали со тоа може да се управува“, рече Брус. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата