logo
logo
logo

Расте бројот на загинати во поплавите во Виетнам, загинаа над 40 лица

Vecer | 04.11.2025

Расте бројот на загинати во поплавите во Виетнам, загинаа над 40 лица

Бројот на жртви од поплавите предизвикани од обилните дождови во централен Виетнам се искачи на 40, а шест лица се водат како исчезнати, а 76 се повредени, соопшти Виетнамската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Според извештајот, речиси 80.000 куќи се уште се под вода, 104 се уништени или однесени од поројните дождови, а 453 се оштетени, објави Синхуа.

Поплавите погодија повеќе од 10.800 хектари ориз и други култури, додека повеќе од 68.500 грла добиток и живина се убиени или однесени.

Повеќе од 163.200 домаќинства во погодената област се без електрична енергија, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk