logo
logo
logo

Раџоелина, по напуштањето на Мадагаскар. побара да се почитува Уставот

Vecer | 14.10.2025

Раџоелина, по напуштањето на Мадагаскар. побара да се почитува Уставот

- Постои само еден начин да се решат овие проблеми, а тоа е да се почитува актуелниот Устав, посочи Раџеопина, отфрлајќи ги повиците на демонстрантите за негова оставка.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изрази длабока загриженост за ситуацијата во Мадагаскар, но не ја потврди информации дека Раџоелина бил евакуиран од Мадагаскар со француски воен авион.

- Не можам ништо да потврдам денеска. Сакам да ја изразам мојата длабока загриженост и да потврдам за пријателските чувства на Франција кон народот на Мадагаскар, наведе Макрон.

Протестите почнаа поради прекините во водоснабдувањето и електричната енергија, но прераснаа во национално младинско движење, кое бара оставка на Раџоелина. Безбедносните сили употребија сила за да ги растераат демонстрантите, додека офицерите што ги поддржуваат протестите ја презедоа контролата врз воената команда.

Движењето Генерација З бараа промени – оставка на претседателот, реформа на изборниот систем и подобри основни услуги. Реакцијата на властите беше доста сурова, воведувајќи полициски час во главниот град и употребувајќи солзавец и гумени куршуми.

Раџоелина минатата недела ја разреши владата за да ја смири ситуацијата, но протестите не престанаа.

Мадагаскар и покрај природни ресурси е една од најсиромашните земји во светот. Според Светската банка, во 2022 година, 75 проценти од населението било сиромашно, а според Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнл“, Мадагаскар е на 140-то место од 180 земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk