logo
logo
logo

Радикалните левичари протестираа во Лајпциг, повредени 50 полицајци (ВИДЕО)

Vecer | 04.06.2023

Радикалните левичари протестираа во Лајпциг, повредени 50 полицајци (ВИДЕО)

Демлер рече дека насилството било „непромислено и екстремно“ и дека акцијата на полицијата била неопходна за да се деескалира.

Полицијата уапсила 30 лица и привела дополнителни 40, кои попладнево биле пуштени на слобода.

Членовите на левичарската сцена во Германија, и покрај забраната за протести, се собраа во Лајпциг за поддршка на неодамна осудената радикална левичарка Лина Е.

Оваа недела таа беше осудена на долгогодишна затворска казна поради организирање физички напади врз припадници на екстремната десница.

Градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг ги бранеше постапките на полицијата, која беше цел на критики.

„За жал, можеме да видиме како насилните елементи интервенираат на мирен собир, кој беше најавен, кој беше злоупотребен, а резултатот е избувнување на насилство“, рече тој.

Јунг ја оправда одлуката за забрана на уште два други демонстрации и се заблагодари на полицијата за нивната работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk